Средбата на бизнис секторот во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа на 28.05.2024 година во организација на Амбасадата на Република Бугарија за компаниите од двете држави.
Амбасадорот се заблагодари на сите присутни за придонесот во развојот на деловните односи, со посебна благодарност до Македонско-Бугарската Стопанска Комора, како Форум на бизнисот од двете држави и заложбата на Македонско-Бугарската Стопанската Комора за предвидување на Бела Книга за развој на деловните односи.
Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора во своето обраќање, лично и во име на членките на Комората, се заблагодари на Амбасадата на Република Бугарија за безрезервната поддршка, максималната посветеност и подготвеност за поврзување на бизнисите, изразена преку работата на Амбасадорот Ангел Ангелов, Трговското Аташе г. Красимир Драгнев и Вториот секретар г-ца Рени Иванова.
Од страна на Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора во име на Комората и членките на комората на претставниците на Амбасадата на Република Бугарија, на дипломатите во заминување им беа доделени пригодни подароци.

