На 15 мај 2025 година, претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, учествуваше на првата „Прогресив Лидерска конференција“ која се одржа во Винчини Развоен Центар, Виница, посветена на темата – Пристап до финансии за мали и средни претпријатија. Настанот беше организиран од страна на Фондацијата „Прогресив Академија“, која функционира во рамки на компанијата Макпрогрес ДОО – членка на Македонско-бугарската стопанска комора.   

Во својата презентација, претседателката се осврна на улогата на МБСК како платформа за економско поврзување помеѓу Северна Македонија и Бугарија, нагласувајќи ги клучните форми на поддршка што Комората им ги нуди на своите членки – од вмрежување, промоција и застапување пред институции, до пристап до финансиски инструменти преку национални, европски и прекугранични програми.

Посебен акцент беше ставен на конкретни можности за финансирање на МСП, вклучително и техничка и логистичка асистенција што МБСК ја обезбедува при аплицирање за фондови, како и партнерствата со релевантни банки и институции.

Посебно ја истакнуваме вклученоста на членки на Комората и како активни учесници во програмата на конференцијата, не само како дел од аудиториумот, туку и како говорници во рамки на презентациските сесии, со што ја потврдија својата стручност и значајна улога во економското поврзување и развој.