
Денеска во просториите на Але-Дар се одржа трибина на тема: Спортот важен за нашето здравје и здравјето на најмладите, спортот обединува, што треба да се храниме и колку треба да вежбаме за да бидеме здрави.
На трибината учество земаа тројца еминентни професори од Факултетот за физичка култура, а целна група беа наставниците и професорите по физичко образование од основните и средните училишта во Кочани.
Проектот е финансиран од Бугарската развојна помош, а го спроведува Македонско – бугарската стопанска комора.

