Проект: ПРЕКУ СПОРТ ДО ИНКЛУЗИВНО И КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ

 Настан: Игри без граници со вклучување на деца со попреченост

Време и место: 24.10.2025 година, ООУ „Никола Карев“ – Кочани

 Денеска во ООУ „Никола Карев“ – Кочани, се одржа настан – „Игри без граници со вклучување на деца со попреченост“. Целта на настанот е преку спортски игри во кои уествуваа деца со попреченост од Кочани и соседноти општини да се промовира инклузивно спортско образование и да се потенцира дека во спортот не постојат разлики.

Исто така на настанот беше промовирана и спортската опрема која беше набавена во рамки на проектот од која најголем дел е наменета за деца со попреченост.

На настанот присуствуваше Амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Жељаско Радуков како и Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора Г-ѓица Биљана Митева. Настанот дополнително беше збогатен и со присуство на фудбалери од ФК „Осогово“ Кочани и ФК „Светлост“ – Зрновци, како и реномираните фудбалски работници Александар Таневски – тренер на ФК „Скопје“, Филип Илиќ – тренер на голмани во ФК „Скопје“, Александар Гјурковски – играч во ФК „Скопје“, Јорго Папули – играч во ФК „Скопје“, Малик Хасановиќ – играч во ФК „Скопје“, Александар Васоски – тренер на ФК „Силекс“ и Раденко Бојовиќ – тренер на ФК „Силекс“.

Проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование е финансиран од Бугарската развојна помош, а го спроведува Македонско-бугарската стопанска комора. Партнер во проектот е ООУ „Никола Карев“ од Кочани.

Главна цел на проектот е обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска опрема во ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

Вредноста на проектот е 14.411 евра и истиот ќе се реализира се до крајот на 2025 година.