Во петок, на 12.12.2025 година, во вистинска спортска атмосфера, на спортските терени во ООУ „Никола Карев“ се одржа Турнир во мал фудбал со машки и женски екипи од четирите основни училишта од Кочани и од основното училиште од Зрновци. Целта на настанот беше инклузивни спортски игри со афирмирање на женскиот фудбал и вклучување на ученици од етничките малцинства. Сите учесници добија дресови, а најдобрите екипи беа наградени.
Настанот е дел од проектот “Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование ” финансиран од Бугарската развојна помош а имплементиран од Македонско – бугарската стопанска комора.

