ЕКСО СЕРВИС СОЛУШН ДОО – Креатор на првиот дигитален новинар „DINA“
Членката на Македонско-бугарската стопанска комора, ЕКСО СЕРВИС СОЛУШН ДОО, од почетокот на оваа година го лансираше новиот софтверски систем DINA (Digital News Agent) – прв дигитален новинар кај нас, а веројатно и пошироко во регионот.
Станува збор за иновативен систем кој автоматски собира вести од домашни, регионални и светски извори и генерира сопствени информативни текстови. Платформата е дизајнирана да го поддржи современото новинарство преку автоматизација на дел од процесите, овозможувајќи им на новинарите да се фокусираат на креирање квалитетна и аналитичка содржина.
Покрај автоматското генерирање вести, системот овозможува и објавување авторски текстови од новинари, а во тек е развој на дополнителни функционалности кои ќе вклучуваат различни извори на информации и унапредени можности за обработка на содржини.
Како и повеќето современи дигитални медиумски платформи, DINA се финансира преку рекламен простор. Се отвора можност за компаниите да го поддржат развојот на оваа иновативна алатка преку рекламирање и соработка.
Повеќе информации можете да најдете на официјалната веб-страница:
https://dina.mk/
Следете ги и на социјалните мрежи:
Facebook: https://www.facebook.com/
Instagram: https://www.instagram.com/
X (Twitter): https://x.com/vestite_na_dina
Македонско-бугарската стопанска комора им честита на ЕКСО СЕРВИС СОЛУШН ДОО за оваа иновативна иницијатива и им посакува понатамошен успешен развој.