На 25.02.2026 година, во просториите на Македонско-бугарската стопанска комора, со почеток во 16:00 часот, согласно Официјалниот Б2Б календар за 2026 година, успешно се одржа вториот месечен Б2Б настан.
Настанот беше реализиран во рамки на февруарската тема „Финансии, консалтинг и ревизија“, имајќи ја предвид актуелноста на периодот за подготовка и поднесување на годишните финансиски извештаи и завршни сметки, а свои презентации имаа членките на Комората – ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС (Скопје) и КУЛТ КОНСАЛТИНГ (Кочани).
Презентерите, покрај краткото претставување на своите услуги, фокусот го ставија на реалните и актуелни предизвици со кои се соочуваат компаниите во секојдневното работење. Се отвори конструктивна дискусија за теми поврзани со:
-
даночната регулатива и тековни измени
-
комуникацијата и постапките со УЈП
-
е-фактура
-
сметководствени стандарди и законски обврски
-
финансиско планирање и усогласеност со прописите
Особено значајно беше тоа што настанот доби интерактивен карактер – членките активно поставуваа прашања, споделуваа конкретни ситуации од пракса и добиваа стручни насоки и применливи совети.