На 27 февруари 2026 година, во просториите на N99 во Скопје, Македонско-бугарската стопанска комора успешно ја одржа стручната работилница на тема:
 
„Придобивките за компаниите од членство на земјата во СЕПА“
 
Настанот беше организиран во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија, при што експерти ги презентираа клучните аспекти од процесот на пристапување кон СЕПА и неговото практично значење за компаниите.
Во фокусот на дискусијата беа:
 
* намалување на трошоците за меѓународни плаќања
* побрзи и поефикасни трансакции со партнери во ЕУ
* примена на SHA принципот
* усогласување на договорните односи со банките
* конкретни чекори што компаниите треба да ги преземат
 
Работилницата се одвиваше во интерактивна атмосфера, со активна дискусија и прашања од страна на присутните компании, што уште еднаш ја потврди актуелноста и значењето на темата за бизнис-заедницата.
Македонско-бугарската стопанска комора останува посветена на навремено информирање и подготовка на своите членки за претстојните финансиски и регулаторни промени.
 
Им благодариме на Народната банка за соработката и на сите присутни компании за активното учество.
Благодарност до г.Сефер Цановски за просторот и можноста да го видиме Алшар роботот во Н99 центарот.