Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора учествуваше на работната средба на претставници на билатерални стопански комори и бизнис асоцијации од земјите членки на Европската Унија активни во Северна Македонија, организирана од AHK North Macedonia – Делегација на германското стопанство во Северна Македонија.
Средбата се одржа на 3 март 2026 година во просториите на AHK North Macedonia во Скопје и имаше за цел иницирање на поинтензивна и поорганизирана соработка меѓу европските бизнис-комори и асоцијации кои делуваат во земјата.
Во рамки на состанокот беа разменети информации за тековните активности и приоритети на организациите, како и можностите за заеднички иницијативи, подобра координација и зајакнување на партнерствата во интерес на бизнис заедницата.
Посебен акцент беше ставен на потенцијалите за поусогласен пристап кон институциите, со цел зголемување на ефикасноста, видливоста и застапувањето на заедничките позиции на европските деловни организации во Северна Македонија.
Македонско-бугарската стопанска комора ја поздравува иницијативата за продлабочување на соработката меѓу европските комори и останува активен партнер во процесите кои придонесуваат за подобрување на деловната клима и зајакнување на економската соработка.