Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, г-ѓа Биљана Митева, присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера организирана во Скопје од страна на Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), која се одржа во хотел „Хилтон“, по повод светиот месец Рамазан.
 
Настанот собра голем број претставници на бизнис заедницата, стопански комори, институции, дипломатски претставници, како и претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, при што беше истакната важноста од негување на меѓусебната соработка, дијалогот и економското поврзување.
 
Присутните гости ги поздрави претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, кој истакна дека ваквите настани претставуваат значајна можност за зајакнување на пријателството и соработката меѓу бизнис заедниците, како и за продлабочување на економските и општествените врски.
 
Ифтарската вечер помина во пријатна и свечена атмосфера, во духот на солидарност, почит и заедништво, вредности кои се особено значајни во текот на светиот месец Рамазан.
 
По повод светиот месец Рамазан, Македонско-бугарската стопанска комора им посакува на сите припадници на муслиманската вероисповед мир, здравје и благосостојба.