Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска се одржа настанот „Кочани ви благодари“, на кој беа доделени благодарници на институции, медицински установи, тимови и поединци од земјата и од странство за нивниот значаен придонес во грижата и лекувањето на повредените по трагедијата од 16 март 2025 година.

Меѓу добитниците на благодарници беа и Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија и Македонско-бугарската стопанска комора, како признание за поддршката, солидарноста и ангажманот во деновите по трагедијата.

Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, упати благодарност до сите држави кои примија и лекуваа повредени од трагедијата, истакнувајќи дека нивната помош и хуманост оставиле длабока трага и помогнале да се спасат многу животи.

Со пораката „Кочани ви благодари“, градот уште еднаш ја истакна силата на солидарноста во најтешките моменти.