На 25.03.2026 година, во просториите на Македонско-бугарската стопанска комора, се одржа редовната месечна Б2Б средба во рамки на Официјалниот Б2Б календар за 2026 година, согласно програмата на претседателката м-р Биљана Митева „Создаваме вредности – заедно“.
 
На настанот свои презентации имаа нашите членки:
  1. НОМАД ЏОБС – Приватна агенција за вработување, која ја претстави својата работа во областа на регрутација на кадар од трети земји и поддршка на македонските компании во надминување на предизвиците со недостиг на работна сила. Компанијата обезбедува целосна грижа за процесот – од пронаоѓање и селекција на кандидати до нивно успешно вработување, со професионален тим и широка меѓународна мрежа на партнери. Со повеќе од 7 години искуство, над 10.000 кандидати во база, соработка со над 20 земји и изградени 500+ партнерски односи, НОМАД ЏОБС нуди сигурност, структура и експертиза во процесот на вработување. Членките имаа можност да поставуваат конкретни прашања поврзани со законски процедури, рокови, административни чекори и практични искуства од терен.
    +389 71 318 503 / info@nomadjobs.mkwww.nomadjobs.mk
  2. ПЗУ ДЕНТ АРТ ПРО – Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика; д-р Маја Алексовска, специјалист по стоматолошка протетика, ја претстави работата на ординацијата ДЕНТ АРТ ПРО, која повеќе од 30 години успешно функционира во Скопје. Ординацијата нуди услуги од областа на протетика, естетска стоматологија, менаџирање со ортодонтски и имплантолошки третмани, како и поставување на сите видови пломби. Присутните членки имаа можност да добијат корисни информации и совети поврзани со современи стоматолошки третмани и грижа за оралното здравје.

Бул. Коцо Рацин 40/3, Скопје / +389 2 3114 405 / maja.aleksovska75@gmail.com

Настанот помина во позитивна и конструктивна атмосфера, со активна дискусија, практични прашања и размена на искуства. Доколку имате потреба од поддршка во процесот на вработување или услуги од областа на стоматолошката протетика, ги охрабруваме членките директно да се обратат до презентерите.
 
Б2Б средбите на МБСК продолжуваат да претставуваат платформа за директна комуникација, стручна поддршка и нови деловни можности меѓу членките.
Комората продолжува со реализација на месечните Б2Б настани и во наредниот период.