Денес, во ОУ „Никола Карев“ – Кочани, се одржа завршниот настан во рамки на проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, реализиран од Македонско-бугарската стопанска комора.
Настанот се одвиваше во духот на спортот, заедништвото и инклузијата. Учениците учествуваа во тимски и спортски игри, при што рамноправно беа вклучени и деца со посебни потреби. Преку заедничките активности се испрати јасна порака дека не правиме разлики – секое дете има право на еднаков пристап до образование, спорт и развој на своите потенцијали.
Со свои обраќања на настанот се обратија претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, претседателот на Советот на Општина Кочани и директор на училиштето г. Александар Андов, како и координаторот на проектот, г-ѓа Ирена Мирчовска, кои ја истакнаа важноста од унапредување на инклузивните практики и создавање подобри услови за спортско образование.
Проектот е организиран и имплементиран од Македонско-бугарската стопанска комора, а финансиски е поддржан преку програмата Bulgarian Development Aid на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, преку Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија.
Изразуваме искрена благодарност до Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија и до сите вклучени и ангажирани лица за нивната поддршка, доверба и партнерство во реализацијата на овој значаен проект.