Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора присуствуваше на настанот „Словенечки бизнис појадок“, кој се одржа на 20 април 2026 година во хотел „Александар Палас“ во Скопје, во организација на релевантни институции и бизнис претставници од Република Словенија и Република Северна Македонија.

Настанот беше отворен со поздравно обраќање од Н.Е. Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, по што следуваа презентации посветени на деловната соработка меѓу двете земји, можностите за инвестирање, економската дипломатија и механизмите за поддршка на странските инвеститори во Словенија. Презентирани беа актуелните економски односи меѓу Словенија и Северна Македонија, активностите на Словенечко-македонскиот бизнис клуб, инвестициските можности и субвенции достапни за странски компании и условите и деловната култура на словенечкиот пазар.

Настанот претставуваше одлична можност за размена на информации, воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

Со своето присуство, МБСК уште еднаш ја потврди својата посветеност кон активно учество во регионалните и меѓународните економски иницијативи, како и кон поддршка на своите членки во процесот на интернационализација и проширување на пазарите.

Комората ќе продолжи да ги следи и поддржува сите иницијативи кои придонесуваат кон унапредување на деловната клима и јакнење на меѓународната соработка.