Македонско-бугарската стопанска комора присуствуваше на конференцијата „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“, која се одржа на 14 мај 2026 година во Holiday Inn – Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, во рамки на ЕУ-кофинансираниот проект „Business with Integrity North Macedonia“.
Настанот ги обедини претставниците на институциите, бизнис-заедницата и меѓународните партнери, со фокус на значењето на интегритетот, транспарентноста и усогласеноста како клучни предуслови за конкурентност и одржлив раст на малите и средни претпријатија.
Во рамки на панел-дискусијата „Интегритетот како конкурентска предност за МСП“, свое излагање имаа Александар Николоски, заменик претседател на Владата и министер за транспорт, Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Валентина Дисоска од Асоцијацијата на бизнис жени, како и Снежана Здравеска, финансиски менаџер и офицер за усогласеност во Маркарт.
Говорниците се осврнаа на значењето на транспарентноста, усогласеноста и етичкото деловно однесување како основа за градење доверба, фер конкуренција и подобрен пристап на малите и средни претпријатија до домашни и меѓународни пазари, при што како заеднички заклучок беше истакнато дека интегритетот не е само вредносна категорија, туку реална конкурентска предност и предуслов за одржлив економски развој.
МБСК останува посветена на поддршка на иницијативи кои придонесуваат кон јакнење на интегритетот во деловното работење и создавање стабилна и конкурентна економска средина.