Во рамки на програмата на претседателката м-р Биљана Митева „Создаваме вредности – заедно“, на 27 мај 2026 година во просториите на Македонско-бугарската стопанска комора се одржа редовниот месечен Б2Б настан.

Пред присутните членки се претстави компанијата Smart Solar, членка на Комората и дел од SMART ENERGY GROUP, специјализирана за дизајн и изградба на фотоволтаични системи и решенија за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Во рамки на презентацијата беа презентирани актуелните трендови во соларната енергија, можностите за примена на фотоволтаични системи во бизнис-секторот, како и конкретни решенија и модели на соработка кои придонесуваат за енергетска ефикасност и одржлив развој на компаниите.

Настанот беше проследен со активна дискусија, размена на искуства и воспоставување нови деловни контакти меѓу присутните компании.

Македонско-бугарската стопанска комора продолжува со реализација на месечните Б2Б настани со цел промоција на своите членки, поттикнување на соработката и создавање нови можности за развој на бизнис-заедницата.