Денес, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонско-бугарската стопанска комора и Меѓународниот Славјански Универзитет.
Меморандумот го потпишаа претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, и претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, во присуство на доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар на Универзитетот, како и претставници на компании-членки на Македонско-бугарската стопанска комора.
Со потпишувањето на овој Меморандум се воспоставува рамка за долгорочна и стратешка соработка помеѓу академската заедница и бизнис-секторот, со цел унапредување на квалитетот на високото образование, развој на човечкиот капитал, поттикнување на претприемништвото, иновациите и дигиталната трансформација, како и создавање нови можности за практична работа, професионален развој и вмрежување на студентите.
Во рамки на средбата беше поздравено и пристапувањето на Меѓународниот Славјански Универзитет како нова членка на Македонско-бугарската стопанска комора, со што дополнително се зајакнува мрежата на институции и организации кои активно придонесуваат кон развојот на образованието, стопанството и регионалната соработка.
Македонско-бугарската стопанска комора останува посветена на создавање партнерства кои ги поврзуваат образованието и бизнисот, создавајќи нови можности за младите кадри и за економскиот развој.