Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, присуствуваше на свеченото одбележување на големиот јубилеј – 70 години Витаминка АД Прилеп, долгогодишна членка на Комората, заедно со сопственикот и генерален директор г. Сашо Наумоски, претставници на институции, бизнис-партнери и компании-членки на Комората.
Витаминка е една од најуспешните и најпрепознатливи македонски компании, која од своето основање во 1956 година прерасна во лидер на прехранбената индустрија, со производи присутни во домовите на повеќе генерации и на пазарите во над 30 земји ширум светот.
По повод значајниот јубилеј, МБСК упатува искрени честитки до раководството, вработените и сите кои низ годините придонеле за развојот на компанијата, со желби за уште многу успешни децении, нови инвестиции, раст и меѓународни успеси.
Честит 70-годишен јубилеј на Витаминка – компанија која претставува симбол на квалитет, традиција и македонски успех.