На 23 септември 2026 година, во просториите на Македонско-бугарската стопанска комора, се одржа првиот есенски Б2Б настан, во рамките на месечните средби за вмрежување, размена на искуства и отворање нови можности за соработка меѓу членките.
На средбата својата работа и искуство ги претстави нашата членка PROXIAD SEE, компанија специјализирана за Software Engineering, IT Services & Product Development и дел од француската Proxiad Group.
Преку презентацијата, присутните имаа можност поблиску да се запознаат со начинот на работа на компанијата, нејзината експертиза и искуството во развој и поддршка на софтверски решенија за различни индустрии.
По презентацијата следуваше отворена дискусија, во која членките имаа можност да разменат искуства, да постават прашања и да разговараат за потенцијални можности за соработка.
Б2Б средбите продолжуваат и во следниот период, со нови членки, интересни теми и можности за меѓусебно запознавање и поврзување на бизнисите.
Создаваме вредности – заедно.