Во пријатна и инспиративна атмосфера го одржавме вчерашниот Б2Б настан со нашата членка ИН АСОЦИЈАЦИЈА, во рамките на нашите месечни Б2Б средби.

Овојпат, наместо на класичните деловни теми, фокусот го ставивме на нешто што често останува во втор план, а е неизоставен дел од секој бизнис – луѓето, нивната благосостојба и внатрешниот мир.

Проф. д-р Ѓорѓина Ќимова ни ја претстави работата на ИН АСОЦИЈАЦИЈА и отвори интересни теми поврзани со емоционалната интелигенција, комуникацијата, мотивацијата, личниот и професионалниот развој и управувањето со стресот.

Затоа што успешниот бизнис не го создаваат само стратегиите, бројките и резултатите – го создаваат луѓето кои стојат зад нив. А грижата за нивната психолошка благосостојба е важна и за работодавачите, и за вработените, и за секој кој секојдневно носи одлуки, одговорности и предизвици.

По презентацијата следуваше отворена дискусија, размена на искуства и пријатно дружење меѓу членките на Комората.

Благодарност до ИН АСОЦИЈАЦИЈА за споделеното знаење, искуство и една малку поинаква, но исклучително важна перспектива на деловниот свет. 

Продолжуваме со нашите Б2Б средби – со нови теми, нови знаења и нови можности за поврзување и соработка.