На 21 октомври 2026 година, Македонско-бугарската стопанска комора свечено одбележа 15 години постоење, соработка и заеднички успеси, под мотото „Бизнис без граници. Раст преку заеднички успех“.

Овој јубилеј е повод да се потсетиме на изградените партнерства, довербата и заедничките достигнувања што ја поврзуваат македонската и бугарската бизнис-заедница.

Со благодарност до сите членки, партнери и пријатели кои се дел од нашата приказна, продолжуваме да градиме мостови меѓу двете бизнис-заедници, да создаваме нови можности и да отвораме нови хоризонти за заеднички раст и развој.

15 години заедно создаваме вредности.