На 17 септември 2025 година, Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК) свечено ги отвори своите нови канцеларии во Скопје, лоцирани во општина Кисела Вода, на ул. „Христо Татарчев“ бр. 13. Овој нов простор ќе служи како централно место за организација на активности, состаноци и поддршка на членките на Комората.
На отворањето присуствуваа бројни членови на МБСК, претставници на бизнис заедницата од Северна Македонија, дипломати, како и други гости, што дополнително ја истакна важноста на МБСК како платформа за економска соработка и поврзување на компании од двете земји.
Претседателката на Комората, м-р Биљана Митева, го истакна значењето на овој чекор за унапредување на бизнисот без граници и потенцираше дека новиот простор ќе биде достапен и отворен за сите членки, како и за компании кои се заинтересирани за развој на нови партнерства и инвестиции.
МБСК останува посветена на својата мисија – да создава простор за бизнис без граници и да ги поддржува своите членки во развојот на нови партнерства и иницијативи.