На ден 24.09.2025 година, во просториите на комората, се одржа седница на Управниот Одбор на Македонско–бугарската стопанска комора. 

На седницата беа дискутирани и едногласно усвоени точките од Дневниот ред, а Управниот одбор донесе одлуки кои се однесуваат на организациското работење, тековните активности и унапредување на соработката меѓу членките на комората. 

Присутните членови ја оценија досегашната работа на комората, разгледаа можности за понатамошно развивање и подобрување на активностите и поттикнаа поголема комуникација и ангажираност меѓу компаниите членки.

Седницата се одржа во дух на соработка и консензус, а донесените одлуки се од општ карактер, насочени кон унапредување на работењето на комората и поддршка на членовите.