На 21.01.2026 година, во просториите на Македонско-бугарската стопанска комора, со почеток во 16:00 часот, веднаш по седницата на Управниот одбор, успешно се реализираше првиот Б2Б настан од Официјалниот Б2Б календар на МБСК за 2026 година.
Настанот се одржа во рамки на јануарската тема „Здрава животна средина и енергетика“, а свои презентации имаа две членки на Комората – ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ Скопје и ЕМ АГРИЦОМ ДООЕЛ Неготино. Излагањата беа информативни и едукативни, со фокус на одржливи решенија, практични искуства и можности за соработка.
ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ Скопје ја претстави својата работа во областа на еко производи и решенија за подобрување на квалитетот на живот и секојдневното функционирање, со акцент на одржлив пристап и здравствено-безбедни производи за домаќинствата и компаниите.
ЕМ АГРИЦОМ ДООЕЛ Неготино ги презентираше своите активности како увозник и дистрибутер на органски ѓубрива, биостимулатори и земјоделски подобрувачи, истакнувајќи ја важноста на современото и одржливо земјоделство, како и поддршката што ја нудат на земјоделските производители.
Присутните членки имаа можност подобро да се запознаат со работата на презентерите, да разменат искуства, да поставуваат прашања и да остварат нови контакти и потенцијални партнерства. Настанот помина во позитивна и конструктивна атмосфера, со активна вклученост и интерес од страна на присутните.
Со овој настан, МБСК го одбележа успешниот почеток на Б2Б активностите за 2026 година, односно првата среда од редовните месечни Б2Б средби. Комората ќе продолжи со вакви настани и во наредните месеци, со надеж за уште поголем интерес, поголем број учесници и уште посилно вмрежување на членките.