На 17 март 2026 година, М Брокер, членка на Македонско–бугарската стопанска комора, во соработка со Комората организираше едукативен и интерактивен настан за своите членки, кој се одржа во Културниот информативен центар на Република Бугарија во Скопје.
Присутните компании – членки на Комората – имаа можност да се запознаат со клучните аспекти на корпоративното осигурување и да добијат практични насоки за заштита на нивните најважни ресурси: капиталот и човечкиот потенцијал.
Преку динамична дискусија и отворена размена на искуства, се обработија теми поврзани со покриеноста и вредноста на осигурителните полиси, потенцијалните ризици, како и улогата на осигурителниот брокер во креирање соодветни решенија прилагодени на потребите на бизнисите.
Настанот овозможи интерактивна комуникација, поставување прашања и директен дијалог со експерти, при што членките остварија нови контакти, се вмрежија и отворија можности за понатамошна соработка.
Како активна членка на Комората, М Брокер го сподели своето долгогодишно искуство и експертиза во областа на осигурувањето, нудејќи конкретна додадена вредност за присутните компании.
За сите заинтересирани членки кои сакаат дополнителни информации или соработка, достапни се контактите на М Брокер:
https://mbroker.mk/
13388 | 075-319-346
ул. Пролет бр. 9-3, 1000 Скопје
Македонско–бугарската стопанска комора продолжува да креира можности за едукација, вмрежување и поддршка на своите членки.