Македонско-бугарската стопанска комора со особена чест и гордост упатува искрени честитки до нашите членки кои беа наградени на престижниот меѓународен настан Women Leaders Awards 2026, одржан на 19 март во Софија, Бугарија.

Овој значаен настан претставува меѓународен форум посветен на женското лидерство, претприемништвото и општествената одговорност, на кој учествуваат истакнати бизнис лидери, претставници на институции, дипломати и медиуми од регионот.

Со особена гордост ги истакнуваме нашите членки – силни, успешни и посветени жени, чии достигнувања беа препознаени и наградени:
* Даница Блажеска (РЕПТИЛ) – Best Consumer Business 2026
* Александра Тасевска (ST Sh Legal) – Best Legal Services 2026
* Маја Алексовска (ДЕНТ-АРТ ПРО) – Best Businesswoman in Health & Beauty 2026
* Надица Рикаловска (Green Master) – Leader in International Green Lifestyle Development 2026

Нивниот успех претставува силна инспирација за целата бизнис заедница и потврда дека жените играат клучна улога во економскиот и општествениот развој.

Особена чест за Комората беше што претседателката м-р Биљана Митева, заедно со Нејзината Екселенција, Амбасадорката на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агнеза Руси, имаа можност лично да им ги доделат наградите на нашите истакнати добитнички.

Македонско-бугарската стопанска комора континуирано ги поддржува ваквите иницијативи и настани кои ја промовираат еднаквоста, лидерството и вмрежувањето, како и развојот на женското претприемништво. Нашата заложба е да создадеме платформа за видливост, поддршка и унапредување на жените во бизнисот.

Покрај наградените, на настанот учествуваа и други жени членки на Комората, кои со своето присуство и ангажман дадоа значаен придонес и беа дел од оваа престижна вечер.

Уште еднаш им честитаме на сите добитнички и им посакуваме понатамошни успеси, нови достигнувања и уште поголеми признанија во иднина.