На 30 април, Македонско-бугарската стопанска комора зеде активно учество на Бизнис-форумот во Делчево, организиран од Општина Делчево под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“.

Во рамки на форумот, член на Управниот одбор на МБСК ја претстави Комората пред присутните претставници од бизнис-секторот од Делчево и регионот, истакнувајќи ја улогата на Комората како мост за економска соработка, поврзување и поддршка на компаниите, особено во делот на прекуграничната соработка со Република Бугарија.

На настанот присуствуваа заменик-министерот за економија и труд г. Марјан Ристески, градоначалникот на Општина Делчево г. Иван Гоцевски, градоначалникот на Благоевград г. Методи Бајкушев, како и проф. д-р Орце Симов – потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на Комисијата на АЕК.

Форумот отвори значајни теми поврзани со инвестициските можности во Делчево, иновациите и дигитализацијата во стопанството, прекуграничната соработка и поддршката на локалните производи, со цел создавање поповолна деловна клима и поттикнување нови економски иницијативи.

Со своето присуство и вклученост, МБСК ја потврди својата определба за активно учество во иницијативи кои придонесуваат кон регионален економски развој, зајакнување на партнерствата и отворање нови перспективи за компаниите од двете страни на границата.