Македонско-бугарската стопанска комора беше поддржувач на настанот „Хармонија на промени – доживотно учење, личен развој и благосостојба“, кој се одржа на 16 мај 2026 година во Castello by Allikas, во организација на членката ИН Асоцијација.
На настанот присуствуваше и претседателката на МБСК, м-р Биљана Митева, со што Комората уште еднаш ја потврди својата заложба за поддршка на иницијативи кои го поврзуваат бизнис секторот со образованието, личниот развој и благосостојбата во заедницата.
Настанот обедини универзитетски професори, обучувачи, HR професионалци и претставници од бизнис секторот, а преку стручни излагања од областа на психологијата, педагогијата, психијатријата, спортската психологија и бизнис менаџментот беа отворени важни теми за емоционалната интелигенција, менталното здравје, доживотното учење и современите предизвици во личниот и професионалниот развој.
Преку своето присуство и поддршка, МБСК ја афирмира важноста на континуираното образование, етичкото лидерство и грижата за човечкиот капитал како темел за одржлив развој и конкурентна деловна заедница.
Комората останува отворена за соработка со организации и иницијативи кои придонесуваат кон унапредување на знаењето, благосостојбата и квалитетот на професионалниот живот.