Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, присуствуваше на свеченото одбележување на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), кое се одржа во присуство на бројни претставници на институциите, бизнис-заедницата, меѓународните партнери и компаниите членки.
Настанот беше посветен на одбележување на две децении активно делување на СКСЗМ во насока на застапување на интересите на бизнис-заедницата, унапредување на претприемништвото и создавање подобри услови за економски развој.
Во рамки на свеченоста беа доделени признанија на институции, компании и поединци кои дале значаен придонес во развојот и јакнењето на Комората во изминатите 20 години.
Со особена чест, на претседателката на МБСК, м-р Биљана Митева, ѝ беше доделено признание за придонес во развојот и унапредувањето на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во текот на нејзиното дваесетгодишно делување, како потврда за долгогодишната соработка, поддршка и заедничките активности насочени кон развој на бизнис-заедницата и зајакнување на меѓукоморската соработка.
Македонско-бугарската стопанска комора упатува честитки до раководството, членките и соработниците на СКСЗМ по повод овој значаен јубилеј и изразува уверување дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина, во интерес на компаниите и економскиот развој на државата.