По повод Movember – месецот посветен на подигнување на свеста за машкото здравје и важноста на превентивната грижа, Македонско-бугарската стопанска комора, во соработка со својата членка Грин Мастер, на 25 ноември организираше бесплатни квантно-магнетни прегледи за мажите од компаниите-членки на Комората.
Прегледите ги спроведе д-р Илир Љума, при што присутните имаа можност да добијат поширок увид во состојбата на организмот, како и индивидуални препораки насочени кон унапредување и зачувување на здравјето.
Им благодариме на претставниците на компаниите-членки кои се одѕваа на иницијативата и одвоија време да ја стават превентивната грижа за сопственото здравје во преден план, како и на Грин Мастер за соработката и поддршката во реализацијата на оваа активност.
Преку ваквите иницијативи, Македонско-бугарската стопанска комора продолжува да поттикнува активности кои ја надминуваат деловната соработка, промовирајќи здрави навики, превенција и поголема грижа за благосостојбата на заедницата.