МБСК И ИНСТИТУЦИИТЕ
СОРАБОТКА СО ВЛАДА НА Р.С. МАКЕДОНИЈА
Основната идеја за создавање на Македонско-Бугарската стопанска комора, беше таа да стане мост помеѓу бизнисот на двете блиски и соседни земји, да ги зајакне бизнис релациите и даде импулс на билатералните економски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Идејата за формирање на комората се здоби со поддршка од бизнис секторот од двете земји и доби силна поддршка и од Владата на Р.С Македонија и Р.Бугарија, вклучувајќи ги и Амасадите на двете држави. Од големо значење за комората е да ги следи трендовите на ЕУ, во насока новините кои се воведуваат за подобрување на работата на компаниите, воведување на општествена одговорност кај компаниите, преквалификација на работна сила согласно потребите на бизнис секторот,потикнување на женското претприемништво, воведување на нови мерки за подобрување на земјоделието како еден од клучните сектори и слично.
Една од клучните алки која Комората според Законот треба да ја одигра е воспоставување на дијалог со јавниот партнер односно со Владата и Владините институции за прашања поврзани со економските и социјалните политики. Користејќи го изразот дека Комората е всушност ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ пред Владата,тогаш и станува јасно дека овој дијалог мора да постои, да биде континуиран, квалитетен и да функционира во двата смера.
Затоа Комората пред Владата и Владините институции ги застапува интересите на членовите, учествува во подготовка и давање сугестии за предлог закони и мерки за унапредување на деловната клима, лобирање и претставување на потребите на бизнис заедницата посебно во подготвување на законодавството од областа на стопанството,мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдување на макроекономската и развојната политика.
СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ
Македонско-Бугарската Стопанска Комора соработува со институциите и разни организации во двете земји:
- Влада на Р.С Македонија
- Амбасада на Р.С Македонија во Р.Бугарија
- Амбасада на Р.Бугарија во Р.Северна Македонија
- Царинска Управа на Р.С Македонија
- Агенција за електронски комуникации на Р.С Македонија (АЕК)
- Бугарско Трговска Индустриска Комора во Софија (БТПП)
- Бугарско Трговска Индустриска Комора во Благоевград (БТПП)
- Алијанса на бизнисите на Косово
- Стопанската комора на Северозападна Македонија
- Центар за Развој на Источен Плански Регион
- Центар за Развој на Североисточен Плански Регион
- Центар за Развој на Југоисточен Плански Регион
- Центар за Развој на Скопски Плански Регион
- Федерација на Фармери на Р.С Македонија
- Бугарска Банка за Развој
- Македонска Банка за поддршка на развојот
- Агенција за поддршка на претприемништвото на Р.С Македонија
- Бугарска агенција за промоција на мали и средни претпријатија
- Агенција за странски инвестиции
- БТА-Бугарска телеграфска агенција
- БАККО-Бугарска Асоцијација за кабелски и комуникациски оператори
- ФОН
- БИТ
- МРТ
- БНТ
СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ
Македонско-Бугарската Стопанска Комора соработува со граѓанскиот сектор преку нивна поддршка и промовирање. Меморандуми за соработка имаме склучено со:
- Здружение за екологија „Еко Тим Исток“ од Кочани
- Фудбалски клуб „Светлост“ од Зрновци
- Здружение за угостителство хотелиерство и туризам
МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА
Македонско-Бугарската Стопанска Комора има склучено повеќе Меморандуми за соработка со различни организации и институции:
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МБСК, ОПШТИНА ЧАИР, ОПШТИНА ЌУСТЕНДИЛ, ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН И СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА
-
НА ИНИЦИЈАТИВА НА МБСК ПОТПИШАН Е МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МРТ И БАККО
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО БУГАРСКО ТРГОВСКАТА ПРОМИШЛЕНА ПАЛАТА
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ НА Р.МАКЕДОНИЈА
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРО-ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА
-
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АЛИЈАНСАТА НА БИЗНИСИТЕ НА КОСОВО