
Компанија: STSh-Legal
Локација: ул. Петричка бр. 6/1-3, 1000 Скопје
Дејност: Адвокатски дејности
Телефон: +389 (0) 2 3220 012 + 389 (0) 70 355 884
Лице за контакт: Александра Стојановска Тасевска +389 (0) 70 276 186
Веб страна: www.stsh-legal.com
Адвокат Владимир Стојановски Скопје – STSh Legal
Компанијата работи со:
Адвокатски дејности
Нашата адвокатска канцеларија нуди сеопфатни правни услуги и застапување на клиенти во различни области.
Застапување пред суд
- Стопански, граѓански, управни и кривични спорови;
Правни услуги
- Изработување и ревизија на договори;
- Обезбедување на правни совети и мислења;
- Подготовка и пишување на правни анализи.
Застапување пред институции
- Регистрација и застапување пред Централен регистар на РСМ (овластени регистрациони агенти);
- Овластен застапник за индустриска сопственост.
Дополнителни услуги
- Обезбедување на тренинзи и обуки од правна област.
Историјат:
Адвокатска канцеларија Стојановски Тасевска Шишковски ја сочинуваат тројца самостојни адвокати:
- Адвокат Александра Стојановска Тасевска Скопје која работи како самостоен адвокат од 2006 година;
- Адвокат Владимир Стојановски Скопје, кој работи како самостоен адвокат од 2008 година; и
Адвокат Дамјан Шишковски Скопје кој работи како самостоен адвокат од 2010 година.
Во 2009 година адвокат Александра Стојановска Тасевска и адвокат Владимир Стојановски започнуваат да работат заедно, а во 2010 година се придружува и адвокат Дамјан Шишковски, па така тројцата заедно настапуваат како Адвокатска канцеларија Стојановски Тасевска Шишковски – STSh Legal.
STSh Legal ги советува своите клиенти во различни области на правото, како на национално така и на меѓународно ниво. Посветеноста кон квалитетната услуга што нашите клиенти ја заслужуваат е нашата мисија низ годините.
Адвокатска канцеларија Стојановски Тасевска Шишковски – STSh Legal од 23 мај 2025 година e член на European Law Firm www.european-law-firm.com мрежа на независни и динамични адвокати и адвокатски друштва кои лично се познаваат и соработуваат за да понудат јасни, прекугранични правни совети низ Европа и пошироко. Во мрежата членуваат адвокати и адвокатски друштва од 25 земји од Европа.