
Компанија: КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
Локација: Ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје
Дејност:
Телефон: +389 2 3102 500
Лице за контакт:
Веб страна: https://capitalbank.com.mk
КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
Компанијата работи со:
Капитал Банка е банка специјализирана за понуда на банкарски услуги со микро, мали и средни компании, понуда на портфолио картични продукти, јавно финансирање, коорпоративно финансирање и финансирање на недвижности,финансиски операции, банкарство на мало, депозитно работење домашен и меѓународен платен промет, приватно и електронско банкарство.
Банката функционира како центар на компентенции во нудење на клиентски решенија на највисоко ниво за Мали, Микро и Средни претпријатија,Корпорации, Општини и Јавно-Приватни проекти преку комбинација на финансиски продукти скроени по мерка и соодветен финансиски консалтинг. Нашето уникатно пазарно позиционирање е изградено како резултат на членството во Алфа Финанс Холдинг водечка компанија во Југоисточна Европа која цели кон достигнување на водечка позиција на Македонскиот пазар, истовремено зачувувајќи го чувството за локални вредности.
Историјат:
Финансиска иновација, доверба, стабилност и посветеност кон клиентите.
1996- Интернационална Приватна Банка АД Скопје започнува со работа, како прва банка со странски капитал во банкарскиот сектор, поставувајќи ја основата за трансформација на банкарската индустрија во Македонија
2000- Интернационална Приватна Банка АД Скопје беше првата банка која на пазарот пласираше дебитни и charge картички, revolving кредити, инстант кеш кредити, бизнис пакети и ПОС мрежа, како и услуги во полето на опслужување на правни лица во областите на кредитирање,латен промет и издавање гаранции.
2007- Интернационална Приватна Банка АД Скопје станува дел од Alfa Finance Holding водечка индустрија и финансиска групации во Република Бугарија, со четири главни бизнис сегменти: индустриски минерали, финансиски услуги, недвижности и обновлива енергија и се преименува во Капитал Банка. Холдингот е активно вклучен во проекти во Бугарија и Југоисточна Европа-Албанија,Грција,МакедонијаСрбија,Турција и Украина.Отогаш па натаму, промовира нова структура,иновативен пристап,менаџмент и стратегија на работње.
2008- Капитал Банка АД Скопје ја отвара својата втора експозитура во Струмица.
2010 – Со цел да им понуди на своите клиенти нови подобрени производи и услуги, дополнителни бенефиции и непосреден контакт, следејќи ги европските трендови за модерно банкарство, Капитал Банка се пресели во новите проширени простории во ТЦ Соравија.
2011- Со цел пресретнување на барањата на нашите клиенти, Капитал Банка во првата половина на 2011 ја прошири својата постојана мрежа на експозитури, се отвори нова експозитура во Аеродром. Експозитурата Аеродром е направена и опремена според највисоките европски стандарди, нудејќи директен и непосреден пристап кон клиентите.
Во втората половина на 2011 се отвараат два шалтери во Скопје при АМСМ во Чаир и Капиштец.
2012- Почетокот на годината се одбележува со отварање на експозитурата во Тетово и поставување на АТМ, додека во септември беше отворен шалтерот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент.
2016 – Централата на Капитал Банка и експозитурата Соравиа се релоцираа во нови простории на плоштад Македонија.
2018 – Капитал Банка отвори експозитури во скопските населби Ѓорче Петров и Кисела Вода.