
Компанија: НЕОТЕЛ ДОО Скопје
Локација: Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 15, Скопје 1000
Дејност: Телекомуникации, интернет-провајдер, телекомуникациски услуги, телекомуникациски решенија,интернет услуги,веб дизајн, телекомуникациска опрема
Телефон: 02 551 1155
Лице за контакт: Елизабета Велјановска
Веб страна: https://neotel.mk
НЕОТЕЛ ДОО Скопје
Компанијата работи со:
Услуги.од областа на интернет пристап, фиксна телефонија,изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема.
Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија,изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Започнува нудејќи услуги на бизнис- корисници, со капацитет на поголем од неколку мегабити во секунда (Mbps), а денес услуги на деловни и домашни корисници преку LTE безжична технологија и сопствена оптичка мрежа со гигабитен (Gbps)капацитет.Во рамките на своето портфолио, во 2016 година воведува сопствена IPTV платформа со конкурентни функционалности развивана од домашни инженери.
Во НЕОТЕЛ работи висококвалификуван кадар кој постојано ги следи светските технолошки трендови. Благодарение на своите вработени со препознаена стручност во телекомуникациската област, НЕОТЕЛ е познат по својата иновативност и темелност во изнаоѓањето специјализирани и функционални решенија за своите корисници.
Како интернет провајдер на пазарот сме независни во однос на интернет капацитетот, односно располагаме со повеќе интернационални интерконекции преку сопствената оптичка мрежа. Со развивањето на сопствена оптичка мрежа и радиомрежа нашите висококвалитетни сервиси се достапни на поголемиот дел од територијата на Р.С Македонија.
Располагаме со различни високотехнолошки решенија со цел да бидеме подостапни до сите корисници и да обезбедиме најдобар квалитет на нашите услуги,добро познат на нашите долгогодишни клиенти.
Покрај бежичната LTE технологија и оптичко поврзување нудиме асиметричен пристап( ADSL &VDSL ) со што нашите телекомуникациски услуги се достапни на целата територија на Р.С Македонија
Историјат:
НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, НЕОКОМ АД.