На ден 12.06.2024 година, Претседателката на Македонско-Бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, оствари средба со Јоханес Хајдекер , економски советник, кој ги поврзува бизнисите со Северна Македонија и регионот на Западен Балкан. Средбата беше со цел запознавање со активностите и приоритетите на Македонско Бугарската стопанска комора, унапредување на деловните односи и поврзување на заедничките интереси помеѓу компаниите помеѓу земјите од Западен Балкан.