Статут

Статут на Македонско-Бугарска Стопанска Комора


Врз основа на член 8 и 9 од Законот за стопанските комори (“Службен весник на Република Македонија” број 17/11) членовите на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА, на редовното годишно изборно собрание одржано на ден 18.10.2023 година го донесоа следниот:

СТАТУТ
НА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА
(пречистен текст)

1.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Co овој Статут, согласно одредбите од Законот за Стопански Комори, се уредуваат:

• името и седиштето на Комората;
• цели и задачи на Комората, облици и начин на дејствување;
• органи, начин и избор на надлежности;
• траење и мандат на органите и начинот на одлучување на членовите;
• начинот на управување и одлучување во Комората;
• содржина и облици на остварувањето на соработка со други комори;
• остварување на јавност во работата;
• начин на обезбедување на средствата за работа на Комората;
• положба и задачи на стручните служби;
• постапување со имотот на Комората.

Член 2

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА е независна и самостојна непрофитна организација со својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за Стопанските Комори и со овој Статут.
Својството на правно лице Комората го стекнува со денот на упис во соодветниот регистар.
Комората за своите обврски одговара со целиот свој имот. За обврските на своите членови комората не одговара.

Член 3

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА Скопје се основа со цел да се зголемат и да се развијат бизнис активностите на нејзините членови во сферата на нивното делување и да се зголемат и подобрат нивните резултати.

2. НАЗИВ И СЕДИШТЕ

Целосниот назив на комората на Македонски јазик гласи:
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА.

А на англиски јазик ќе биде:
Macedonian – Bulgarian Chamber of commerce.

Седиштето на Комората се наоѓа на ул. Борис Трајковски, бр. 62, 1000 Скопје – Кисела Вода

Член 4

Комората има свој печат и штембил. Печатот на комората е со тркалезна форма во кој е впишан назив на Комората.

3. ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И ДЕЛУВАЊЕ HA КОМОРАТА

Член 5

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА се организира и работи заради ефикасно стопанисување во пазарни услови, успешно вклучување на македонскиот и бугарскиот пазар како и поттикнување на развој на претприемништвото кај нејзините членови, со цел за подобрување на резултатите на работењето и организираноста на членовите на комората.
• Понатамошен развој и взаемната соработка во бизнисите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија
• Унапредување на трговијата, инвестициите и економската соработка и развојот помеѓу двете држави.
• Да се остварат и одржуваат контактите помеѓу бизнисот и државните органи во врска со македонско-бугарската трговија и бизнис
• Да се подобри легислативата во насока на упростување и зголемување на бугарскиот бизнис-развој во Македонија и Македонскиот во Бугарија, усогласување со Европската бизнис-практика и етика.
• Да биде форум за размена на идеи помеѓу бизнисите кои делуваат во Република Македонија и Република Бугарија
• Да се развие либералната трговија во Македонија и понатамошното нејзино интегрирање во рамките на Европската унија.

4. ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ

Член 6

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА е основана на неодредено време.

5. НАЧИН HA УПРАВУВАЊЕ И ОДЛУЧУВАЊЕ

Член 7

Органи на управување и раководење се:

A. Собрание
Б. Управен Одбор
B. Надзорен Одбор
Г. Претседател
Д. Почесен Претседател

А) СОБРАНИЕ

Член 8

Собранието на Комората е највисок орган на комората кој го сочинуваат сите членови на комората.
Секој член има право на еден глас при гласањето во Собранието.
Членовите кои не се во можност да присуствуваат на Собранието на комората може да овластат лице кое ќе ги претставува на седниците на Собранието.
Правните лица како членови ќе именуваат и регистрираат кај Комората лице кое е овластено да ги претставува на Собранието како застапник.

Член 9

Комората формира економски совет за подготвување и предлагање на мерки од стратегиско значење за развојот на економската соработка меѓу двете држави, како и за заеднички настап на трети пазари.

Член 10

Редовната годишна седница на Собранието се свикува еднаш годишно. Редовната годишна седница на Собранието се свикува од страна на Претседателот на Комората, во периодот од втората половина од месец март до првата половина од месец април.
Седница на Собранието може да се одржи и по одлука на Управниот одбор на Комората или по пат на писмено барање доставено до Претседателот на Комората од страна на 10 редовни члeнови на Комората.
Претседателот е должен во рок од 30 дена да го свика Собранието, по доставувањето на барањето до Претседателот на комората.
Доколку Претседателот на Комората не свика седница на Собранието согласно став 1, 2 и 3 од овој член, Управниот одбор ја свикува Седницата, во рок од 15 дена од последниот ден кога претседателот имал обврска да ја закаже седницата.
Во случај на свикување на Собрание по барање од страна на 10те членови на комората или по барање на Управниот одбор, на таа седница нема да се регледуваат други прашања освен оние кои се наведени во барањето и дневниот ред.

Член 11

Собранието може полноправно да работи ако на седницата присуствуваат повеќе од половина (50%+1) од членовите или 30 членови, членки на Собранието.
Одлуките на Собранието се сметаат за усвоени со просто мнозинство на присутните членови, освен кога се одлучува за:
– измена на Статутот
– избор на органи на комората
– носење на годишна програма
– утврдување на финансискиот план и висината и начинот на плаќање на чланарината.
Во овие случаи потребно 2/3 мнозинство од присутниот број на членови на Собранието.
Претседателот на Собранието ке има одлучувачки глас во случај на изедначеност при гласањето.
Претседателот на комората ке ги информира по пошта, факс или е-маил сите членови на Собранието дваесетиеден ден (21) однапред за времето на одржување на Собранието, местото и дневниот ред.
Собранието на седница може да расправа и за предмети кои не биле ставени на дневен ред, но без право на одлучување.

Член 12

Собранието ги има следните надлежности:
1. Го донесува Статутот на Комората и врши измена и дополнување на истиот.
2. Ја донесува годишната Програма за работа на Комората.
3. Избира и разрешува органи на комората
4. Ја утврдува основицата и стапката на членскиот придонес, финансискиот план и завршната сметка.
5. Го донесува Деловникот за работа на Собранието.
6. Разгледува и утврдува ставови и значајни прашања на развојната и тековната економска состојба во стопанството.
7. Одлучува за промена на комората и седиштето.
8. Одлучува за формирање облици на организирање и работење на Комората и дава мислење за формирање на посебни организациони облици
9. Ги одобрува актите, нивните измени и дополнувања.
10. Одлучува за престанок или продолжување на траењето на Комората.

Член 13

Управниот одбор ќе се состои од 7 до 17 членови.
Членовите на управниот одбор ги избира Собранието на Комората од своите редови.
Претседателот на Комората е претседател на Управниот одбор и учестува во работењето на управниот одбор со право на глас.

Член 14

Управниот одбор, одлучува за сите прашања од негова надлежност, определени со Законот и овој Статут.
Управниот одбор може полноправно да работи ако на седницата присуствуваат повеќе од половина од членовите на одборот.
Управниот Одбор ги донесува одлуките со просто мнозинство од присутните членови.
Членовите на УО можат да учествуваат на УО преку видео врска или некоја друга техничка врска.

Член 15

Управниот Одбор:
– ги подготвува седниците на Собранието на Комората;
– ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието;
– донесува одлуки во врска со спроведувањето на програмата за работа, финансискиот план и другите акти на Собранието на Комората;
– дава иницијативи и зазема ставови за донесување закони и други прописи и акти кои се од интерес на комората;
– донесува одлуки врз основа на Статутот на Комората и
– Донесува акти за организацијата, систематизацијата и делокругот на работа на стручните служби во согласност со законоти статутот на комората.
– Донесува одлука за свикување на Собранието на Комората и го свикува Собранието во случаеви определни со овој Статут.
– Врши други работи утврдени со овој закон и статутот на комората.

Член 16

Надзорниот одбор:

Надзорниот Одбор врши надзор врз законитоста на материјално-финансиско работење и правилноста во работењето на Комората. За својата работа, НО поднесува извештај, на квартално ниво, согласно Деловникот за работа на НО.

Член 17

Надзорниот Одбор има 3 члена.
Членовите на Надзорниот Одбор ги избира Собранието на Комората од своите редови. Надзорниот одбор, од редовите на своите членови избира претседател на надзорниот одбор.
Членовите на Надзорниот Одбор се избираат за 4 години. Надзорниот Одбор, за својата работа доставува извештаи до Собранието на Комората и тоа на крајот на секоја деловна година.

Г. ПРЕТСЕДАТЕЛ

Член 18

Претседателот го избира Собранието на Комората од редот на своите членови, со мандат од 2 години со право на уште еден избор.
Претседателот има право да формира советодавени органи.

Член 19

Претседателот на Комората ја води политиката на Комората и заедно ја застапуваат Комората пред домашните и странските институции компании, ги извршуваат одлуките и заклучоците на другите органи, раководат со сметката на Комората.

Д. ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ

Член 19-а

Почесниот Претседател го избира Собранието на Комората од редот на своите членови. Почесниот Претседател на Комората по овластување на Претседателот или Управниот одбор на Комората ја застапува Комората пред домашните и странските институции и компании, ги извршува одлуките и заклучоците на другите органи и ја води политиката на Комората.

Член 19-б

Комората има Совет на почесни претседатели кој е составен од сите дотогашни претседатели на Комората. Советот на почесни претседатели на Комората по овластување на Претседателот или Управниот одбор на Комората ја застапува Комората пред домашните и странските институции и компании, ги извршува одлуките и заклучоците на другите органи и ја води политиката на Комората.

6. СТРУЧНИ СЛУЖБИ- положба и задачи

А. ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР

Член 20

Извршниот Директор го избира Управниот Одбор со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членови.
Комората има извршен директор кој ја застапува во имотните и другите правни работи, раководи и ја организира работата на стручната служба и врши и други работи во согласност со актите на комората.

Член 21

Стручните, административно –техничките, помошните и другите работи потребни за комората ги врши стрчната служба на комората.

7. СОРАБОТКА CO ДРУГИ КОМОРИ

Член 22

Во рамките на своите активности утврдени со овој Статут и Закон, комората може да соработува со стопанските комори на други држави, меѓународни стопански организации, како и со органи и други институции на Република Македонија и Република Бугарија.

8. JABHOCT BO РАБОТАТА

Член 23

Работата на комората е јавна.Јавнoста на работата на комората се обезбедува особено преку:
– постојано информирање на членството за работата на комората преку веб страната;
– објавување на одлуките на органите на комората на начин што писмено ги известува своите членки или со објава на Веб страната на комората
– издавање на брошури, списанија и слично и други облици утврдени во овој статут или со акт на органите на комората.

9. ЧЛЕНСТВО BO КОМОРАТА- пристапување, повлекување и исклучување

Член 24

Во Комората се зачленуваат физички лица – трговци поединци и правни лица, запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица со седиште во Р. Македонија соодветен регистар, а врз основа на дејноста која ја вршат и критериумите за членство донесена од страна на УО.

Член 25

Приемот на нови членови го врши УО а го потврдува Собранието на Комората.
За да бидат примени и да станат членови, сите членови мора да имаат добра општествена репутација и да бидат прифатливи за Комората.
Кандидатите до здобивањето со статус на член на комората, се водат како кандитат – член.
Комисијата за членство на нејзиниот следен состанок со писмена Одлука ги прифаќа или отфрла барањата за членство.
При прием на нови членови, УО го применува принципот на дискреција, односно не е должна да ја образложи донесената одлука, без разлика дали се работи за прифаќање или отфрање на конкретената молба.
УО ги испраќа сите прифатени барања за членство до претеседателот на комората, а тој пак до Собранието на одобрување.
Собранието одлучува за одобрувањето на прифатените барања за членство на наредната свикана седница.
Собранието со писмена Одлука ќе го потврди или отфрли приемот. Одлуката на Собранието за прием на нови членови е конечна. За членство се добива Сертификат за членство и членска карта.
При прием на нови членови во Комората, Извршниот Директор им испраќа и фактура со годишна чланарина која мора да се плати во рок од 8 (осум) дена од приемот на фактурата.

Член 26

Комората може да има почесни членови кои ќе и носат престиж и нема да имаат избирачко својство поради нивниот почесен статус. За доделување на статус “почесен член" одлучува претседателот на комората по предлог на Управниот одбор. Како почесни членови ке бидат:

Член 27

Претседателот може да врши прием на непрофитни организации или други членови и да им дозволи да плаќаат најниска чланарина.
Претседателот има право да одредува статус на " непрофитен " според овој член, земајќи ја во предвид регистрацијата на некоја организација како таква.

Член 28

Член на Комората може да се откаже од членството во било кое време, под единствен услов, да ги исполнил сите обврски кои произлегуваат од неговиот статус на членка на Комората, а врз основа на овој Статут, Законот и други акти донесени од страна на органите на Комората.

Член 29

Член на Комората може да биде исклучен од членство во Комората доколку:
– ги повреди правата на останатите членови,
– не ги исполнува своите обврски како член на Комората,
– се однесува непримерно и недолично или неговото понатамошно членување се смета за штетно за угледот на Комората
– доколку ја нема платено членарината повеќе од 3 месеци (члeнарината ќе се плаќа годишно).

10. РАБОТА HA КОМОРАТА

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА согласно Законот и врз основа на овој Статут ги врши следните работи:
– развој на пазарното стопанство, слободното претприемништво и поттикнувањето на конкуренцијата;
– подобрување на ефикасноса на работењето на членовите и нивната организираност, како и оспособување на кадрите;
– давање стручна помош на нивните членови во развојот на одделни дејности, усвојување и воведување на современи технологии и методи на работење;
– поттикнување и координирање на истражувањата и развојот на техничко- технолошките достигнувања;
– обезбедување на квалитетна и ефикасна стручна помош и деловни услуги за членовите;
– воспоставување и развој на стопанската соработка со странство, со посебна насоченост кон промоција на стоките и услугите, економската пропаганда, организирање на саеми, учество во развивањето на надворешно- трговските работи и соработка со коморите на други држави;
– забрзување на развојот на малото стопанство;
– организирање на стручно оспособување, преквалификација, доквалификација на стручни кадри;
– развивање на единствен информациски систем и деловно информирање и анализи за значајни податоци од домашната и светската економија за развојни проекти, актуелни специјализирани информации од кредитно-монетарната, даночната, царинската политика и пазарот, технологијата и за извозните и увозните можности;
– застапување на интересите на членовите пред државните органи, посебно во подготвување на законодавството од областа на стопанството, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдување на макроекономската и развојна политика и информирање за подготовките и промените на законите и други процеси од областа на стопанството;
– Информирање, организирање и соработка околу достапноста и искористување на европските фондови
– склучување и следење на колективните договори;
– давање мислења за областа за која е основана и вршење и други работи од интерес на членовите на Комората.

11. СРЕДСТВА НА КОМОРАТА

Член 30

Начини на финансирање

Комората се финансира од:

• Членарина
• Наплата од извршени услуги согласно Законот за стопански комори
• Донации и
• Други извори

-Комората самостојно ги утврдува основицата за пресметка, висина и начинот на плаќање на членарина и други придонеси
-Висината на наплата за извршените услуги на комората во вршење на јавни овластувања ја утврдува Управниот одбор на комората по предходна согласнот од Владата на Република Македонија.
-Собранието на комората моѓе да дозволи ослободување на плаѓање на чланарината под одредени услови и критериуми утврдени утврдени со статутот на комората
-Контролата врз наплатата на членарината ја врши надзорниот одбор.

12. ИЗМЕНА НА СТАТУТОТ

Член 31

Статутот на Комората се менува и дополнува со одлука на Собранието донесена со двотретинско мнозинство.
Иницијатива за измена и дополнување на Статутот можат да поднесат:

1. Претседателот на Комората;
2. УО на комората, со просто мнозинство од присутните членови
3. Членовите на Комората со иницијатива од една четвртина (1/4) од сите членови.
Иницијативата се поднесува писмено до Претседателот на Комората кој понатаму ги известува членовите на останатите органи на Комората и закажува седница на Собранието на Комората во рок определ со член 9 од Статутот.
Во иницијативата, предлагачот е должен да даде мотивирано образложение за потребата од измена и дополнување.

12. СУД НА ЧЕСТА

Член 32

– Комората може да фомира Суд на честа -Судот на честа се формира од страна на УО и НО на комората.
– Надлежноста, составот, организацијата, финанисрањето, начинот на избор, како и разрешувањето на членовите на судот на честа се утврдуваат со акт на комората кој го донесува собранието на комората.

Член 33

Судот на честа се грижи за развивање, остварување, зајакнување на добрите делови обичаи и деловниот морал.
Судот на честа одлучува за повредата на добрите деловнии обичаи, за неизвршување на обврските на членовите на комората, како и за други повреди на актите на комората за што може да се изречат мерки согласно статутот на комората.

13. ПОСТОЈАН ИЗБРАН СУД-АРБИТРАЖА ПРИ КОМОРАТА

Член 34

При комората може да постои избран суд – арбитража како независен орган.Арбитражниот суд се формира од страна на УО и НО на комората.

Член 35

Постојаниот избран суд – арбитража решава со посредување или одлучување на меѓесебните деловни спорови меѓу членовите на комората, меѓу членовите на комората и третии лица, како и меѓу други правни лица од земјата и странство, ако странките ја договорат надлежноста на овој суд.
Одлуките на постојаниот избран суд-арбитража се конечни и имаат сила на правосилна пресуда.

Член 36

Надлежноста, составот и организацијата на постојниот избран суд-арбитража, начинот на избор и разрешувањето на неговите членови и постапка по предметите од неговата надлежност се утврдуваат со акт кој го донесува собранието на комората.

15. ПРЕСТАНОК

Комората престанува во случај на ликвидација и стечај, согласно со одредбите од законот со кој се уредуваат прашањата за ликвидација и стечај на трговските друштва.
Доколку некој од членовите на Комората паднал под стечај, Комората продолжува да работи.

Член 37

Комората се брише од регистарот врз основа на завршена постапка за ликвидација или стечај.
По престанокот на работата на Комората, имотот и средствата што остануваат по намирувањето на обврските, пропорцијално се распоредуваат според учеството во чланарината која ја плаќаат членовите на Комората утврдена со овој Статут и други акти на Комората.

16. ПРЕОДНИ ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 38

Се што не е регулирано со овој Статут, ќе се применуваат Законот за Стопанските Комори (Службен Весник на Република Македонија бр. 11/07) како и сите негови измени и дополненија.

Член 39

Комората стекнува својство на правно лице со денот на уписот во регистерот на други правни лица што го води Централниот Регистар на Република Македонија.

За Претседател на Македонско Бугарска Стопанска Комора