Собрание

Собрание на Комората


Одлучување

Собранието на Комората е највисок орган на комората кој го сочинуваат сите членови на комората. Секој член има право на еден глас при гласањето во Собранието. Членовите кои не се во можност да присуствуваат на Собранието на комората може да овластат лице кое ќе ги претставува на седниците на Собранието. Правните лица како членови ќе именуваат и регистрираат кај Комората лице кое е овластено да ги претставува на Собранието како застапник.

Годишна седница

Редовната годишна седница на Собранието се свикува еднаш годишно. Редовната годишна седница на Собранието се свикува од страна на Претседателот на Комората, во периодот од втората половина од месец март до првата половина од месец април.