Врз основа на член 8 и 9 од Законот за стопанските комори (“Службен весник на Република Македонија” број 17/11) членовите на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА, на редовното годишно собрание одржано на ден 16.10.2024 година го донесоа следниот:
СТАТУТ
НА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА
(пречистен текст)
1.ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Co овој Статут, согласно одредбите од Законот за Стопански Комори, се уредуваат:
• името и седиштето на Комората;
• начин на одлучување;
• вид, состав и начин на избор на органот на управување, односно на органот на надзор;
• поблиско уредување на начинот и условите за пристапувањето, истапувањето и исклучувањето од комората;
• контрола на работењето на комората;
• постапка за свикување и одржување на собрание на комората;
• цели и задачи на Комората, облици и начин на дејствување;
органи, начин и избор на надлежности;
траење и мандат на органите и начинот на одлучување на членовите;
начинот на управување и одлучување во Комората;
• содржина и облици на остварувањето на соработка со други комори;
• остварување на јавност во работата;
• начин на обезбедување на средствата за работа на Комората;
• положба и задачи на стручните служби;
• постапување со имотот на Комората, во случај на престанок на комората.
Член 2
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА е независна и самостојна непрофитна организација со својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за стопанските комори и со овој Статут.
Својството на правно лице Комората го стекнува со денот на упис во регистарот на други правни лица.
Комората за своите обврски одговара со целиот свој имот. За обврските на своите членови комората не одговара.
Комората е непрофитна организација. Доколку во работењето комората оствари добивка по било кој основ, таа мора да биде употребена исклучиво за поддржување и остварување на целите и задачите заради кои е основана.
Член 3
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА Скопје се основа со цел да се зголемат и да се развијат бизнис активностите на нејзините членови во сферата на нивното делување и да се зголемат и подобрат нивните резултати.
2. НАЗИВ И СЕДИШТЕ
Целосниот назив на комората на Македонски јазик гласи:
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА.
Целосниот назив на комората на англиски на англиски јазик гласи: Macedonian – Bulgarian Chamber of commerce.
Седиштето на Комората се наоѓа на ул. Борис Трајковски, бр. 62, 1000 Скопје – Кисела Вода.
Член 4
Комората има свој печат и штембил. Печатот на комората е со тркалезна форма во кој е впишан називот на Комората.
3. ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И ДЕЛУВАЊЕ HA КОМОРАТА
Член 5
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА се организира и работи заради ефикасно стопанисување во пазарни услови, успешно вклучување на македонскиот и бугарскиот пазар како и поттикнување на развој на претприемништвото кај нејзините членови, со цел за подобрување на резултатите на работењето и организираноста на членовите на комората.
Целите и задачите на комората се следни:
• Развој и взаемна соработка во бизнисите помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија;
• Унапредување на трговијата, инвестициите и економската соработка и развојот помеѓу двете држави;
• Остварување и одржување на контактите помеѓу бизнисот и државните органи во врска со македонско-бугарската трговија и бизнис;
• Подобрување на легислативата во насока на унапредување и зголемување на бизнис развојот воСевернаМакедонија и Бугарија иусогласување со Европската бизнис практика и етика;
• Развој и либерализација на трговијата помеѓу Северна Македонија и Бугарија и интегрирање во рамките на Европската унија.
4. ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ
Член 6
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА е основана на неопределено време.
5. НАЧИН HA УПРАВУВАЊЕ И ОДЛУЧУВАЊЕ
Член 7
Органи на управување и раководење се:
A. Собрание
Б. Управен Одбор
B. Надзорен Одбор
Г. Претседател
Д. Почесен Претседател
А. СОБРАНИЕ
Член 8
Собранието на Комората е највисок орган на комората кој го сочинуваат сите членови на комората.
Секој член има право на еден глас при гласањето во Собранието.
Членовите кои не се во можност да присуствуваат на Собранието на комората може да овластат лице кое ќе ги претставува на седниците на Собранието.
Правните лица како членови ќе именуваат и регистрираат кај Комората лице кое е овластено да ги претставува на Собранието како застапник.
Член 9
Комората формира економски совет за подготвување и предлагање на мерки од стратегиско значење за развојот на економската соработка меѓу двете држави, како и за заеднички настап на трети пазари.
Правилникот за состав и работа на економскиот совет на комората го носи управниот одбор на комората и истиот одлучување за негово изменување и дополнување.
Член 10
Редовната годишна седница на Собранието се свикува еднаш годишно.
Редовната годишна седница на Собранието се свикува од страна на Претседателот на Комората, еднаш годишно во период кој ќе го определи Претседателот на комората или во друг период врз основа на одлука донесена од Управниот одбор на комората.
Седница на Собранието може да се одржи и по одлука на Управниот одбор на Комората или по пат на писмено барање доставено до Претседателот на Комората од страна на 10 редовни члeнови на Комората.
Претседателот е должен во рок од 30 дена, по доставувањето на барањето до Претседателот на комората, да го свика Собранието.
Доколку Претседателот на Комората не свика седница на Собранието согласно став 1, 2 и 3 од овој член, Управниот одбор ја свикува Седницата, во рок од 15 дена од последниот ден кога претседателот имал обврска да ја закаже седницата.
Во случај на свикување на Собрание по барање од страна на 10те членови на комората или по барање на Управниот одбор, на таа седница нема да се регледуваат други прашања освен оние кои се наведени во барањето и дневниот ред.
Член 11
Претседателот на комората ке ги информира по пошта, факс или е-маил сите членови на Собранието дваесетиеден ден (21) однапред за времето на одржување на Собранието, местото и дневниот ред.
Член 12
Собранието може полноправно да работи доколку се присутни мнозинството од вкупниот број на членови на собранието.
Собранието, одлучува за прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од присутните членови на собранието, освен доколку со овој Статут не е поинаку определено.
Претседателот на Собранието има одлучувачки глас во случај на изедначеност при гласањето.
Собранието на седница може да расправа и за предмети кои не биле ставени на дневен ред, доколку за тоа се сложат мнозинството од присутните членови на собранието.
Член 13
Собранието ги има следните надлежности:
1. Го донесува Статутот на Комората и врши измена и дополнување на истиот;
2. Ја донесува годишната Програма за работа на Комората;
3. Избира и разрешува органи на комората;
4. Ја утврдува основицата и стапката на членскиот придонес, финансискиот план и завршната сметка;
5. Го усвојува извештајот за спроведување на годишната програма за работа и финансискиот план;
6. Го донесува Деловникот за работа на Собранието;
7. Разгледува и утврдува ставови и значајни прашања на развојната и тековната економска состојба во стопанството;
8. Одлучува за престанок на комората со двотретинско мнозинство;
9. Одлучува за формирање облици на организирање и работење на Комората и дава мислење за формирање на посебни организациони облици.
Б. УПРАВЕН ОДБОР
Член 14
Управниот одбор се состои од најмалку 7 членови. На предлог на Претседателот на комората или на Економскиот совет бројот на членови на управниот одбор може да се зголеми и таквото зголемување и изборот на новите членови ќе го изврши Собранието на комората..
Членовите на управниот одбор ги избира Собранието на Комората од своите редови.
Претседателот на Комората е претседател на Управниот одбор и учествува во работењето на управниот одбор со право на глас.
Член 15
Управниот одбор, одлучува за сите прашања од негова надлежност, определени со Законот и овој Статут.
Управниот одбор може полноправно да работи ако на седницата присуствуваат повеќе од половина од членовите на одборот.
Управниот Одбор ги донесува одлуките со просто мнозинство од присутните членови.
Членовите на УО можат да учествуваат на УО преку видео врска или некоја друга техничка врска.
За седниците на Управниот одбор се води записник кој се потпишува од сите членови на Управниот одбор, а во случај на присуство преку видео врска тоа се забележува во записникот и таквиот записник го потпишува Претседателот на управниот одбор.
Член 16
Управниот Одбор:
– ги подготвува седниците на Собранието на Комората;
– ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието;
– донесува одлуки во врска со спроведувањето на програмата за работа, финансискиот план и другите акти на Собранието на Комората;
– дава иницијативи и зазема ставови за донесување закони и други прописи и акти кои се од интерес на комората;
– донесува одлуки врз основа на Статутот на Комората и
– Донесува акти за организацијата, систематизацијата и делокругот на работа на стручните служби во согласност со законот и статутот на комората.
– Донесува одлука за свикување на Собранието на Комората и го свикува Собранието во случаеви определни со овој Статут.
– Одлучува за промена на седиштето на Комората;
– Одлучува за промена на електронското сандаче за прием на писмена на комората;
– Одлучува за организирање и престанување на подружници на комората;
– Врши други работи утврдени со овој закон и статутот на комората.
В. НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 17
Надзорниот Одбор врши надзор врз законитоста на материјално-финансиско работење и правилноста во работењето на Комората. За својата работа, НО поднесува извештај, согласно Деловникот за работа на НО.
Член 18
Надзорниот Одбор има 3 члена.
Членовите на Надзорниот Одбор ги избира Собранието на Комората од своите редови. Надзорниот одбор, од редовите на своите членови избира претседател на надзорниот одбор.
Членовите на Надзорниот Одбор се избираат за 4 години, без право на повторен избор. Надзорниот Одбор, за својата работа доставува извештаи до Собранието на Комората и тоа на крајот на секоја деловна година.
Г. ПРЕТСЕДАТЕЛ
Член 19
Претседателот го избира Собранието на Комората од редот на своите членови, со мандат од 2 години со право на реизбор.
Член 20
Еден месец пред истекот на мандатот на Претседателот на комората, Претседателот на комората или во случај на негова спреченост Управниот одбор на комората распишува оглас за избор на Претседател и истиот го објавува на веб страницата на комората.
Кандидатите за избор на Претседател на комората, имаат обврска до Собранието на комората да достават програма за работа на комората, која треба да биде доставена најдоцна до денот на одржување на седница на Собранието за избор на Претседател на комората.
Услов за избор на Претседател на Собранието е истиот претходно да бил најмалку една година член на Комората.
Член 21
Претседателот има право да формира советодавени органи.
Претседателот на Комората ја води политиката на Комората и ја застапува Комората пред домашните и странските институции компании, ги извршува одлуките и заклучоците на другите органи на Комората, раководи со сметката на Комората.
Д. ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ
Член 22
Со истекот на мандатот на Претседателот на комората, и доколку истиот не е реизбран за оваа функција, истиот станува член на почесни претседатели кој е составен од сите почесни претседатели на Комората.
Член 23
6. СТРУЧНИ СЛУЖБИ- положба и задачи
А. ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
Член 23
Извршниот Директор го избира Управниот Одбор со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членови.
Комората има извршен директор кој ја застапува во имотните и другите правни работи, раководи и ја организира работата на стручната служба и врши и други работи во согласност со актите на комората.
Доколку не се избере извршен директор, оваа функција ја извршува Претседателот на комората.
Член 24
Стручните, административно–техничките, помошните и другите работи потребни за комората ги врши стручната служба на комората.
7. СОРАБОТКА CO ДРУГИ КОМОРИ
Член 25
Во рамките на своите активности утврдени со овој Статут и Закон, комората може да соработува со стопанските комори на други држави, меѓународни стопански организации, како и со органи и други институции на Република Северна Македонија и Република Бугарија.
8. JABHOCT BO РАБОТАТА
Член 26
Работата на комората е јавна.
Јавнoста на работата на комората се обезбедува особено преку:
– Постојано информирање на членството за работата на комората преку веб страната или на друг начин определен од Управниот одбор на Комората;
– објавување на одлуките на органите на комората на начин што писмено ги известува своите членки со објава на Веб страната на комората или на друг начин определен од Управниот одбор на Комората;
– издавање на брошури, списанија и слично и други облици утврдени во овој статут или со акт на органите на комората.
9. ЧЛЕНСТВО BO КОМОРАТА- пристапување, повлекување и исклучување
Член 27
Во Комората се зачленуваат физички лица – трговци поединци и правни лица, запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица со седиште во Република Северна Македонија, а врз основа на дејноста која ја вршат и критериумите за членство донесена од страна на Управниот одбор.
Член 28
Приемот на нови членови го врши Претседателот на комората и/илиУправниот одбор на Комората.
За да бидат примени и да станат членови, сите членови мора да имаат добра општествена репутација и да бидат прифатливи за Комората.
Статус на член на комората се добива со потпишување на пристапница за членство во Комората.
При прием на нови членови во Комората, Извршниот Директор испраќа и фактура со годишна или месечна членарина која се плаќа во рок определен од комората.
Член 29
Комората може да има почесни членови кои ќе ѝ носат престиж и нема да имаат избирачко својство поради нивниот почесен статус. За доделување на статус “почесен член" одлучува претседателот на комората по предлог на Управниот одбор.
Член 30
Претседателот може да врши прием на непрофитни организации или други членови и да им дозволи да плаќаат најниска членарина.
Член 31
Член на Комората може да се откаже од членството во било кое време, под единствен услов, да ги исполнил сите обврски кои произлегуваат од неговиот статус на членка на Комората, а врз основа на овој Статут, Законот и други акти донесени од страна на органите на Комората.
Член 32
Член на Комората може да биде исклучен од членство во Комората доколку:
– ги повреди правата на останатите членови,
– не ги исполнува своите обврски како член на Комората,
– се однесува непримерно и недолично или неговото понатамошно членување се смета за штетно за угледот на Комората
– доколку ја нема платено членарината повеќе од 3 месеци сметано од денот на доспеаноста на фактурата за членарина (члeнарината ќе се плаќа годишно).
10. РАБОТА HA КОМОРАТА
Член 33
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА согласно Законот и врз основа на овој Статут ги врши следните работи:
– развој на пазарното стопанство, слободното претприемништво и поттикнувањето на конкуренцијата;
– подобрување на ефикасноста на работењето на членовите и нивната организираност, како и оспособување на кадрите;
– давање стручна помош на членовите во развојот на одделни дејности, усвојување и воведување на современи технологии и методи на работење;
– поттикнување и координирање на истражувањата и развојот на техничко- технолошките достигнувања;
– обезбедување на квалитетна и ефикасна стручна помош и деловни услуги за членовите;
– воспоставување и развој на стопанската соработка со странство, со посебна насоченост кон промоција на стоките и услугите, економската пропаганда, организирање на саеми, учество во развивањето на надворешно- трговските работи и соработка со коморите на други држави;
– забрзување на развојот на малото стопанство;
– организирање на стручно оспособување, преквалификација, доквалификација на стручни кадри;
– развивање и организација на единствен информациски систем и деловно информирање и анализи за значајни податоци од домашната и светската економија за развојни проекти, актуелни специјализирани информации од кредитно-монетарната, даночната, царинската политика и пазарот, технологијата и за извозните и увозните можности;
– застапување на интересите на членовите пред државните органи, посебно во подготвување на законодавството од областа на стопанството, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдување на макроекономската и развојна политика и информирање за подготовките и промените на законите и други процеси од областа на стопанството;
– Информирање, организирање и соработка околу достапноста и искористување на европските фондови
– склучување и следење на колективните договори;
– давање мислења за областа за која е основана и вршење и други работи од интерес на членовите на Комората.
10. СРЕДСТВА НА КОМОРАТА
Начини на финансирање
Член 34
Комората се финансира од:
• Членарина;
• Наплата од извршени услуги согласно Законот за стопански комори;
• Донации; и
• Други извори.
Комората самостојно ги утврдува основицата за пресметка, висина и начинот на плаќање на членарина и други придонеси.
Висината на наплата за извршените услуги на комората во вршење на јавни овластувања ја утврдува Управниот одбор на комората по претходна согласност од Владата на Република Македонија.
Собранието на комората може да дозволи ослободување на плаќање на членарината под одредени услови и критериуми утврдени утврдени со статутот на комората.
Контролата врз наплатата на членарината ја врши надзорниот одбор.
12. ИЗМЕНА НА СТАТУТОТ
Член 35
Статутот на Комората се менува и дополнува со одлука на Собранието донесена согласно одредбите од член 12 на овој Статут.
Иницијатива за измена и дополнување на Статутот можат да поднесат:
1. Претседателот на Комората;
2. УО на комората, со просто мнозинство од присутните членови
3. Членовите на Комората со иницијатива од една четвртина (1/4) од сите членови.
Иницијативата се поднесува писмено до Претседателот на Комората кој понатаму ги известува членовите на останатите органи на Комората и закажува седница на Собранието на Комората во рок определен со член 10 од Статутот.
Во иницијативата, предлагачот е должен да даде мотивирано образложение за потребата од измена и дополнување.
11. СУД НА ЧЕСТА
Член 36
Комората може да фомира Суд на честа
Судот на честа се формира од страна на УО и НО на комората.
Надлежноста, составот, организацијата, финанисрањето, начинот на избор, како и разрешувањето на членовите на судот на честа се утврдуваат со акт на комората кој го донесува Управниот одбор на комората.
Член 37
Судот на честа се грижи за развивање, остварување, зајакнување на добрите делови обичаи и деловниот морал.
Судот на честа одлучува за повредата на добрите деловнии обичаи, за неизвршување на обврските на членовите на комората, како и за други повреди на актите на комората за што може да се изречат мерки согласно статутот на комората.
12. ПОСТОЈАН ИЗБРАН СУД-АРБИТРАЖА ПРИ КОМОРАТА
Член 38
При комората може да постои избран суд – арбитража како независен орган.
Арбитражниот суд се формира од страна на УО и НО на комората.
Член 39
Постојаниот избран суд – арбитража решава со посредување или одлучување на меѓусебните деловни спорови меѓу членовите на комората, меѓу членовите на комората и трети лица, како и меѓу други правни лица од земјата и странство, ако странките ја договорат надлежноста на овој суд.
Одлуките на постојаниот избран суд-арбитража се конечни и имаат сила на правосилна пресуда.
Член 40
Надлежноста, составот и организацијата на постојниот избран суд-арбитража, начинот на избор и разрешувањето на неговите членови и постапка по предметите од неговата надлежност се утврдуваат со акт кој го донесува собранието на комората.
15. ПРЕСТАНОК
Член 41
Комората престанува во случај на ликвидација и стечај, согласно со одредбите од законот со кој се уредуваат прашањата за ликвидација и стечај на трговските друштва.
Доколку некој од членовите на Комората паднал под стечај, Комората продолжува да работи.
Член 42
Комората се брише од регистарот врз основа на завршена постапка за ликвидација или стечај.
По престанокот на работата на Комората, имотот и средствата што остануваат по намирувањето на обврските, пропорцијално се распоредуваат според учеството во чланарината која ја плаќаат членовите на Комората утврдена со овој Статут и други акти на Комората.
16. ПРЕОДНИ ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 43
Се што не е регулирано со овој Статут, ќе се применуваат Законот за Стопанските Комори (Службен Весник на Република Македонија бр. 11/07) како и сите негови измени и дополненија.
Член 44
Комората стекнува својство на правно лице со денот на уписот во регистерот на други правни лица што го води Централниот Регистар на Република Македонија.
Претседател на Македонско Бугарска Стопанска Комора
______________________________
Биљана Митева