2023 г.
НИПРОМ ДОО е компанија која се занимава со производство на столарија изработена од високо-квалитетно дрво. Нашата основна дејност е производство и трговија со високо- квалитетни собни врати од медијапан обложен со природен фурнир и таблени врати од масивно дрво, како и надворешна масивна столарија- врати и прозорци.
Компанија:
Нипром ДОО Струмица
Локација:
Струмица, Индустриска зона „Север“
Дејност:
Столарија
Телефон:
+389 34 325 915
Лице за контакт:
Веб страна:
Компанијата работи со
Во НИПРОМ ДОО денес работат повеќе од 50 вработени, вклучени во организационата структура на нашата компанија, производството и продажбата. Изработувањето на нашите производи се прави по последните ИСО стандарди и со најсовремена технологија во сите фази од производството. За нашите клиенти ова значи гаранција за квалитет и долготрајност. Кај нас секоја врата и прозорец си има своја историја, свој живот и секоја од нив совршено си го наоѓа своето место во вашите домови и јавни објекти. Работата на НИПРОМ претставува успешен спој на следење на светските трендови во областа на производството на внатрешна и надворешна столарија и доаѓање во пресрет на Вашите желби и замисли.
Историјат
На македонскиот пазар сме повеќе од 20 успешни години почнувајќи од далечната 1993та.