КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: највисок квалитет по најниски можни цени. Овие принципи се гаранција за успех секој ден и насекаде – практичност, јасни структури во управувањето, колегијалност и правичност во работењето.
Зад нашиот успех стои нашиот внимателно избран асортиман. Фокусот оставаме врз сопствените марки и врз докажаните трговски марки. Се разбира, кај нас секогаш ќе најдете свежо овошје и зеленчук со највисок квалитет, како и разновидност од свежи печива.
Овој концепт ни обезбеди успешен и брз развој во изминатите 24 години во нашата мрежа од продавници во Македонија.
Компанија:
КАМ ДОО Илинден
Локација:
Ул. 35 бр.39, Општина Илинден
Дејност:
Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун
Телефон:
+389 2 3171 747
Лице за контакт:
Елизабета Велјановска
Веб страна:
Компанијата работи со
КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 83 КАМ маркети, лоцирани низ Република Македонија. Компанијата брои приближно 1200 вработени.
Како еден од лидерите во дисконт трговијата, КАМ Маркет на своите потрошувачи им ги нуди сите основни групи на прехранбени и непрехранбени производи со одличен квалитет по исклучително ниски цени.
КАМ Маркет ги задоволува потребите на целото семејство, и со своите редовни седмични понуди (четирипати месечно) внесува свежина во секојдневието.
Историјат
Првата продавница на КАМ ги отвори вратите во далечната 1999 година, во приземјето на Градски Трговски Центар во центарот на Скопје – настан кој го означи почетокот на една приказна за успешен и брз развој.
До крајот на 2015 година, КАМ маркетите веќе станаа вообичаена глетка низ цела Македонија.
Експанзијата на КАМ во Македонија траеше во континуитет во изминатите години се претвори во еден од најголемите синџири од маркети за прехранбени и непрехранбени производи.
Кам има мрежа од 83 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во Бугарија и Косово.