Влада на РСМ

МБСК и Институциите

Соработка со Влада на Р.С Македонија


Основната идеја за создавање на Македонско-Бугарската стопанска комора, беше таа да стане мост помеѓу бизнисот на двете блиски и соседни земји, да ги зајакне бизнис релациите и даде импулс на билатералните економски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Идејата за формирање на комората се здоби со поддршка од бизнис секторот од двете земји и доби силна поддршка и од Владата на Р.С Македонија и Р.Бугарија, вклучувајќи ги и Амасадите на двете држави. Од големо значење за комората е да ги следи трендовите на ЕУ, во насока новините кои се воведуваат за подобрување на работата на компаниите, воведување на општествена одговорност кај компаниите, преквалификација на работна сила согласно потребите на бизнис секторот,потикнување на женското претприемништво, воведување на нови мерки за подобрување на земјоделието како еден од клучните сектори и слично.

Една од клучните алки која Комората според Законот треба да ја одигра е воспоставување на дијалог со јавниот партнер односно со Владата и Владините институции за прашања поврзани со економските и социјалните политики. Користејќи го изразот дека Комората е всушност ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ пред Владата,тогаш и станува јасно дека овој дијалог мора да постои, да биде континуиран, квалитетен и да функционира во двата смера.

Затоа Комората пред Владата и Владините институции ги застапува интересите на членовите, учествува во подготовка и давање сугестии за предлог закони и мерки за унапредување на деловната клима, лобирање и претставување на потребите на бизнис заедницата посебно во подготвување на законодавството од областа на стопанството,мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдување на макроекономската и развојната политика.