Претседателката на комората присуствуваше на настанот ТОП 100
14.11.2024
По повод одбележување на Светскиот ден на правата на потрошувачите, 15 март, на покана на Министерството за Економија на Република Северна Македонија и Министерот г. Крешник Бектеши, претседателката на Македонско-Бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева заедно со г. Филип Темелковски, член на Управен Одбор на МБСК, присуствуваа на настанот.
Светскиот ден на потрошувачите, кој се одбележува на 15-ти март, претставува значаен момент во календарот на меѓународните настани. “Во светот каде што економските и трговските активности соодветно се развиваат, правата и заштитата на потрошувачите добиваат длабоко значење. Потрошувачите треба да имаат сигурност и доверба во квалитетот на производите и услугите што ги користат. Според најновото законодавство во областа на заштита на потрошувачите, сите граѓани имаат право на задоволување на основните потреби, безбедност при користење на производите и услугите, како и на информираност и избор”.
Министерството за економија на Република Северна Македонија ја има клучната улога во оваа област, со постојана грижа за заштита на потрошувачите, потенцираше министерот. Со Програма за заштита на потрошувачите, имаме за цел да гарантираме на граѓаните дека се обезбедени со ефикасни механизми за информирање за заштита на нивните права. Преку доделување на грант средства на годишно ниво до Организации за заштита на потрошувачите во државата, осигуруваме функционирање на советувалишта. Оваа активност од Програмата за заштита на потрошувачите е средство за поддршка на граѓаните, обезбедувајќи бесплатно советување и помош во остварување на нивните потрошувачки права. Новиот закон за заштита на потрошувачите е силно средство за остварување на заштита во сите сфери на потрошувачките односи.
Со овие промени, Министерството за економија и јас лично го истакнуваме нашиот ангажман за подобрување на животот на граѓаните преку ефикасна заштита на нивните потрошувачки права. Веруваме дека новиот Закон за заштита на потрошувачите ќе биде клучен инструмент во градењето на доверба и стабилност во пазарните односи, со што се креира сигурна и ефикасна околина за сите учесници во економијата, истакна министерот Бектеши.