Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора м-р Биљана Митева, оствари средба со г. Изет Меџити
17.12.2024
На 12.01.2024 година, во просториите на Агенцијата за Електронски комуникации, претседателката на Македонско-Бугарската стопанска комора, Биљана Митева и г. Красимир Драгнев, трговско атеше од Амбасадата на Р.Бугарија во Северна Македонија остварија работна средба со директорот на АЕК г. Јетон Акику.
На средбата беше разговарано за олеснување на комуникацијата меѓу бизнисот и граѓаните на Република Бугарија и Северна Македонија.
Намалување на тарифите за телефонија и интернет помеѓу мобилните оператори,намалување на цените на роаминг услугите, во комуникација меѓу претплатниците на Република Бугарија и Северна Македонија, воведување на единствена тарифа за роаминг која одговара на европскиот комуникациски пазар.
На средбата беше договорено да се направи Договор помеѓу Владата на Република Бугарија и Р. Северна Македонија за соработка во областа на меѓународни роаминг тарифи за телекомуникациски услуги.