Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора м-р Биљана Митева, оствари средба со г. Изет Меџити
17.12.2024
На 05.12.20223 година во Хилтон, на покана од Претседателот на стопанската комора на Северозападна Македонија, г. Менди Ќура, Претседателката на МБСК г-ѓа Биљана Митева присуствуваше на традиционалната манифестација – ТОП 100, која се организира тринаесетти пат по ред, каде што се оддава признание на ТОП 100 најуспешни компании кои членуваат во СКСЗМ. На овој настан присуствуваа еминентни личности од бизнисот и политиката, амбасади, институции како и комори од земјата и регионот.
На настанот ТОП 100 беа објавени Топ 5 најуспешни компании на СКСЗМ. За Топ 5 беше прогласен Пуцко Петрол, следен од АТС ГРУП како четврти, трет беше Promeet Steel Holding, втора е Даути комерц и прва компанија врз основа на параметри и финансиски успех е прогласена компанијата Бас Тути Фрути.
Наградата за најуспешно партнерство ја доби компанијата Кнауф Радика, за најбрз раст во последните три години ја доби компанијата ТРИМ, награда за успешен бизнис предводен од жена е доделена на Кенда Центар. Наградата за најголема нето добивка во последните 5 изданија на ТОП 100 ја доби компанијата ЗСФ-КОМ, за врвен извозник ја доби Вардар Доломит, за филантропија Малиќи и награда за особен придонес на пазарот на трудот е доделена на компанијата Мотиви.
Компаниите ТОП 100 во текот на 2022 година остварија обрт од 1,3 милијарди евра, нето добивка над 100 милиони евра, а бројот на вработени достигна над 9400. Реализирани се инвестиции во вредност од 64,6 милиони евра и извоз од 186,6 милиони евра. На настанот беа презентирани и проектите и активностите на СКСЗМ за 2023 г.