Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора м-р Биљана Митева, оствари средба со г. Изет Меџити
17.12.2024
На ден 26.06.2024 година, Претседателката на Македонско-Бугарската стопанска комора, м-р Биљана Митева, заедно со претставници на Управниот одбор на Комората, остварија средба со градоначалникот на општина Благоевград, Методи Бајкушев. На средбата на која присуствуваше и Амбасадорката на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агнеза Руси – Поповска, се дискутираше за развој на бизнисот, како и начините за поттик на инвестициите во обете држави. Во фокусот на средбата исто така беше и стимулација на образовната и културната размена.
Претставниците од двете држави посочија дека постои заемна подготвеност за сеопфатни иницијативи и кампањи кои ќе ја унапредат билатералната соработка во сите сфери на општествениот живот и стопанството. Градоначалникот Бајкушев нагласи дека соработката со Република Северна Македонија е апсолутен приоритет за општина Благоевград и претстави свои идеи за идни заеднички проекти.
На средбата присуствуваа и претседателот на Општинскиот совет – Благоевград, Радослав Тасков и заменик-градоначалникот за образование и стопански развој, Борјана Шалевска.
Посетата на Благоевград имаше и друга димензија, односно се оствари средба со новиот Претседател на Трговско-промишлена палата – Благоевград, г. Захарин Хаџиски, при што се договори соработка помеѓу двете комори за прекугранични проекти.