Одржано Редовно Годишно Собрание на Македонско-Бугарската стопанска комора
17.10.2024
Управителот на Специјал Продукт Горан Ѓорѓиевски на 21 октомври 2024 година успешно го заврши студискиот престој во Токио, Јапонија, каде на покана на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), учествуваше на студиската програма “Стратегии за одржлив систем на храна за развој на локалната индустрија”.
Станува збор за престижен настан на кој учествуваат одбрани претставници од целиот свет, што е вредна можност за нашата земја за размена на знаења и искуства.
Студиската програма опфати суштински области како одржливо земјоделство, зелена инфраструктура, социјално претприемништво, системско размислување, одржлив маркетинг,како и специјализирани области, како одржливо производство на млеко иуправување со проекти.
Низ оваа екстензивна програма подпретседателот Ѓорѓиевски се стекна со вредно знаење,односно како може да се применат овие стратегии и да се спроведат кај нас во пракса за креирање на поотпорен и одржлив систем.
Овој престижен програм дава практични и напредни практики кои што можат да ја зајакнат македонската прехрамбена индустрија, но исто така и да придонесат кон долгорочна одржливост и иновација.
Значењето и искуството донесено од Јапонија- светски,економски и технолошки лидер, се од големо значење за нашата земја ,согласно нашите напори за градење на позелена и одржлива економија.
Горан Ѓорѓиевски, Управител на Специјал Продукт се здоби со меѓународна експертиза за одржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка.
06.06.2024