На 30.04.2025г., беше официјално потпишан договорот за финансирање на проектот „Моќта на спортот во промовирањето на инклузивно и квалитетно образование“, кој ќе се реализира во Основното училиште „Никола Карев“ во Кочани.
Проектот, со времетраење од осум месеци, е финансиран од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со вкупен буџет од 13.830 евра.
Договорот беше потпишан од страна на м-р Биљана Митева, како претседателка на Македонско-бугарската стопанска комора, и неговата екселенција, амбасадорот на Република Бугарија, господин Жељазко Радуков.
Главна цел на проектот е обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование, како и збогатување на училишната спортска опрема во основното училиште „Никола Карев“ – Кочани.
Проектот исто така опфаќа неколку специфични цели:
Поттикнување на инклузивно образование преку активно вклучување на деца со хендикеп од општината и поширокиот регион;
Промовирање на универзални вредности и здрави животни навики преку организирање на спортски настани;
Подигнување на јавната свест за значењето на спортот како средство за интеграција, еднаквост и личен развој кај младите.
Овој проект претставува пример за заедничката посветеност за унапредување на образованието и општествената инклузивност преку спортот.