Ние се водиме според нашите основни вредности како компанија. Профитабилност, но и одржливост и сопствен придонес во градењето на подобро утрe. Компанијата е одговорна кон иднината и тргнува од тоа дека климатските промени не се апстрактен поим од утрешницата, тие се овде и се случуваат сега. Затоа, нашата прва цел е континуирано вложување во креирање на производи и решенија за одржлива иднина, кои ќе влијаат на намалување на CO2 отпечатокот на градежната и цементната индустрија.
Додатоците за бетони и додатоците за цементна индустрија се постојана поддршка во производните процеси на производителите на бетон и производителите на цемент. Тие директно влијаат на продуктивноста, потрошената енергија и количината на емисија на CO2. Ова значи одржлив развој за нас и поддршка за одржливиот развој на нашите партнери, преку намалување на влијанието кое го имаме врз животната средина.
Компанија:
Адинг АД Скопје
Локација:
Новоселски пат (ул.1409) бр.11, 1060 Скопје
Дејност:
Производство на хемиски производи за градежништво
Телефон:
+389 2 20 34 800
Лице за контакт:
Веб страна:
Компанијата работи со
- Адитиви за бетони и Адитиви за Цементна Индустрија
- Материјали за заштита и санации на Армирано Бетонски Конструкции
- Хидроизолации
- Останати производи за завршни работи во градежништвото
Историјат
Kомпанија за производство и продажба на хемиски материјали за градежништвото со седиште во Скопје, Р. Северна Македонија, основана на 30.05.1969 година.
Континуирано присутнa и активнa на пазарите преку дистрибутери и претставништва во Југоисточна Европа, со пласман на производи и во остатокот од Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка.
Освен во матичната компанија во Скопје, производствен погон има и во Р.Бугарија (АДИНГ Бугарија), а претставништво во Србија (АДИНГ Белград).