Сончогледовото масло Бисер е составен дел од традиционалната гурманска кујна со висока содржина на линолин – незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е, заедно со други природни состојки кои имаат важна биолошка улога во исхраната.
Рафинеријата за сончогледово масло „АЛ-МАКС“ ДОО е единствениот производител на висококвалитетно 100% сончогледово масло од брендот „БИСЕР“, кое е спакувано во неколку различни големини и тоа: пакување од 850 ml, 905 ml, 1 l, 4.750 ml, 5 l и 10 l, спакувани во термофолија.
Рафинеријата за сончогледово масло „АЛ-МАКС“ ДОО има повеќе од 2500 комерцијални партнери во и надвор од Република Северна Македонија, вклучувајќи ги Република Косово, Република Албанија, Република Бугарија и Република Србија.
Рафинеријата за сончогледово масло „АЛ-МАКС“ ДОО работи со капацитет од 90 – 100 тони за 24 часа висококвалитетно рафинирано сончогледово масло.
Компанија:
ТД АЛ-МАКС ДОО СТРУМИЦА
Локација:
Ул. Атанас Мучев бр.2 2400 Струмица
Дејност:
Производство на масла и масти
Телефон:
071 908 000
Лице за контакт:
Михаило Крајц
Веб страна:
Компанијата работи со
Рафинеријата за сончогледово масло „АЛ-МАКС“ ДОО е единствениот производител на висококвалитетно 100% сончогледово масло од брендот „БИСЕР“, кое е спакувано во неколку различни големини и тоа: пакување од 850 ml, 905 ml, 1 l, 4.750 ml, 5 l и 10 l, спакувани во термофолија.
Историјат
Веќе 25 години на пазарот, континуирано растеме и ја оправдуваме довербата на нашите потрошувачи. На крајот на 1998 година ја изградивме Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ ДОО - Струмица Р. Северна Македонија, на површина од 10.000 м2. Од тогаш до денес, ние сме единствените производители на висококвалитетно рафинирано 100% сончогледово масло во Република Северна Македонија.
Тимот од висококвалитетни инженери, техничари и инженерски технолози, заедно со напредната технологија што се применува, е гаранција за високиот квалитет на сончогледовото масло „БИСЕР“, кое со право го носи епитетот „масло бр. 1 во Република Северна Македонија“.
Рафинеријата за сончогледово масло „АЛ-МАКС“ ДОО е изградена со најсовремена технологија која опфаќа опрема и машини од реномираните производители „АЛФА ЛАВАЛ“ од Република Шведска и „КЕРТИНГ“ од Република Северна Македонија.