Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора м-р Биљана Митева, на ден 16.12.2024 година оствари средба со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити. На средбата, фокусот беше ставен на заштита на животната средина во која активно учествуваат сите чинители во државата, како физички така и правни лица.
Г. Меџити ја потврди подготвеноста да ја поддржи комората и нејзините членки во остварување на идни проекти преку кои ќе се забрза зелениот развој на државата.